Македонија
1. April 2016 - 14:11

ДПА: Оставките на ДУИ се кулминација на хипокризијата

Демократската партија на Албанците (ДПА) смета дека оставките на министрите од ДУИ претставува кулминација на хипокризијата на оваа партија. 

- Ова е кулминација на хипокризијата од страна на ДУИ. ДУИ и Али Ахмети не даваат никакво образложение зошто сега излегуваат од Влада. Досега Ахмети предавството, корупцијата, организираниот криминал, а сега и неморалноста ни го продаваат како вредност и патриотизам, изјави пратеникот на ДПА Орхан Ибраими во Собранието на РМ.

Пратеникот Хари Локванец од СДСМ, пак, смета дека ДУИ треба да даде одговор зошто постaпија на овој начин.

- Вистинската адреса на едно вакво прашање е ДУИ која треба да даде директен одговор кои се причините за еден ваков нивен потег излегување од техничка влада со единствена задача спроведување на фер и демократски избори, изјави Локвенец.