Дождовите ја заматија водата од регионалниот водовод Лукар, задолжително превривање пред пиење
Задолжително треба да се преврива пред употреба за пиење водата од регионалниот водовод „Лукар“ бидејќи е заматена и нема присуство на резидуален хлор, поради обилните дождови и наглото топење на снегот од планината Кожуф, укажува одделението на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.
– Денешните мерења на резидуален хлор во водата покажаа негово отсуство, а тоа ни е показател за хлорирање на водата за пиење. Дадовме налог до комуналното преторијатие да се зголеми дозирањето на хлор во хлораторната станица. Зедовме и дополнителни мостри од водата за пиење за анализа, појасни Трајче Ризов, раководител и лекар специјалист по хигиена во кавадаречкото одделението за јавно здравје Кавадарци.
Тој потсети дека од водата која се носи педесетина километри од планината, пијат 60-ина илјади жители од три општини во Тиквешијата. Кавадарци, Неготино и Росоман. Таа ќе мора да се преврива, се додека надлежните институции не кажат поинаку.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство
-
Во Струмица одбележан јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат