-->
-->
Доволен е еден лист дневно - „Чувар куќа“ е универзален лек за многу болести
-->

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас најчесто е познато под името "чувар куќа". Неговото име ја репрезентира неговата способност за одржување во живот дури и при различни услови, но и го репрезентира местото каде најчесто може да се сретне – токму на крововите од куќите.
Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговорка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“. Неговите лековити својства се должат на јаболковата и мравјата киселина.
Од низата лековити својства кои ги има Чуварот на куќа, најпознато е тоа дека го елиминира вишокот на маснотија од ушните канали. Оттаму доаѓа и другото има според кое е познат кај народот - Ушник. Преполовете неколку ливчиња од Чувар на куќа и исцедете две до три капки сок во болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата за течноста да истече од ушната шуплина.
Листовите од Чувар на куќа кога се комбинираат со мед се добива смеса која е многу делотворна кај воспаление на усната шуплна.
Чуварот на куќа делува слично како Алое Вера, растение кое е познато по тоа што лекува различни кожни заболувања. Ова растение се смета за еден од најсигурните лекови за широкиот спектар кожни болести. Заради антивоспалителните и антисептички својства служи како одлична прва помош кај изгореници, убоди и каснувања, затоа што брзо ја смирува кожата. Доволно е "повреденото" место да се премачка со сок од Чувар на куќа или да се стави облога од пресечен лист од растението.
Кога ќе изедете еден лист од ова растение, го подобрувате системот на варење и влијаете врз здравјето на цело тело. Го јакнете имунитетот и се заштитувате од претстојните инфекции. Доволен е само еден лист дневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Играчите на АЕК се повлекоа, натпреварот со Алкалоид одложен
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
-
УХМР: Утре се очекува силен ветер од северен правец
-
Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
-
Полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска од MO загинале во сообраќајката кај „Илинден“
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску