-->
Дотерани и насмеани: Цеца и Анета Молика прегрнати како две другарки!

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.
Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство.
Стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација, а со тоа повеќе се зближи и со колегите од соседството. Па така, на еден свој настап, Анета беше во друштво на балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, а тоа не пропушти да го овековечи и на фотографија која ја објави на својот профил на Фејсбук.

Двете маркантни дами, дотерани и насмеани ги шармираа обожавателите и следбениците на Анета и „Молика“, а фотографијата ја опишаа како таква која го спојува најубавото од фолк сцената во Македонија и Србија.
До кое ниво стигнало пријателство меѓу овие две познати дами, не знаеме, но од приложеното нема да биде чудо ако слушнеме дека „паднал“ договор и за некоја соработка.
-->
-->
Ново на Сител
-
Голден Стејт и Њу Орлеанс на победа од конференциското полуфинале
-
Реал израмни против ПАО, додека ЦСКА е на чекор до Ф4
-
Во штипскиот регион МЕПСО постави гнездо за царскиот орел
-
Струмичко семејство ја тужи државата
-
Бејли: Продолжуваме да соработуваме за реформите
-
ЕУ со донација од 18 автомобили и 300 компјутери вредна 1,4 милиони евра
-
Вработените во еурокомпозит го блокираа патниот правец Прилеп - Градско, бараат една плата и нов директор
-
Производителите на зелка протестираа поради ниската откупна цена од само 8 денари за килограм