Досега поднесени 182 барања за субвенции за печки на пелети
Најдоцна до 13 март граѓаните од подрачјето на Град Скопје може да аплицираат на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети. Сите апликации што ќе пристигнат по овој датум, воопшто нема да бидат прифатени, ниту разгледувани, соопшти Град Скопје.
За 2017 година се предвидени 10 милиони денари или околу 330 субвенции за набавка на нови печки на пелети. Јавниот повик почна на 27 февруари и ќе трае заклучно со 13 март.
- Оваа година Јавниот повик ги опфаќа граѓаните на градот Скопје што се затоплуваат на печки со дрва, јаглен, нафта и мазут и претставува една од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, наведува Градот.
Условите за добивање субвенција се: барателот да нема искористена субвенција за истата намена од кој било извор во Република Македонија; да е жител на град Скопје; да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут; новата печка на пелети која ќе ја купи да биде инсталирана и да се користи на истата адреса од личната карта, да нема приклучок на градско централно греење во објектот каде што е инсталирана печката; станбениот објект да не е во фаза на градба; и барателот да има платено данок на имот за објектот каде што е инсталирана печката, заклучно со 2016 година.
До вчера се поднесени 182 барања кои моментно се во фаза на разгледување, а Комисијата почна и со теренска проверка на дадените локации каде што ќе бидат поставени набавените печки на пелети.
Граѓаните треба да ги поднесуваат документите до Архивата на Град Скопје, секој ден од 9.30 до 15.00 часот. Јавниот повик е објавен на официјалната веб-страница на Град Скопје http://skopje.gov.mk/
На минатиот Јавен повик објавен во 2016 година беа доделени 196 субвенции.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o