Македонија
12. September 2016 - 8:29

Донација од Холандија за Агенцијата за катастар

Агенцијата за катастар на недвижности ќе добие донација од Кралството Холандија за имплементација на проектот „Оптимизирана употреба на веродостојни просторни податоци за Агенцијата за катастар на недвижности“.

По тој повод најавено е обраќање на директорот на Агенцијата Славче Трпески, заменик-амбасадорот на Кралството Холандија Андри ван Менс и Паола Кјарсон – регионален менаџер на холандскиот катастар.