Бизнис
21. August 2015 - 16:34

Домашните компании ги користат владините мерки за проширување на бизнисите

Евроедил Холдинг е уште еден успешен пример за  домашна компанија која користејќи ги активните владини мерки го проширува своето производств и бројот на вработени. Фабриката, лоцирана во реканскиот крај, односно во Скудриње,  вчера ја посети премиерот Груевски.

Сопствениците  истакнаа дека се задоволни од условите кои ги креира Владата за полесно водење бизнис.   Во моментов веќе користат 2 кредини линии од Европската банка за обнова и развој, бројат 20 вработени, но најавуваат зголемување на нивниот број

Компанијата Евро едил Холдинг произведува над 30 сопствени производи од лим, кои се пласираат во и надвор од Македонија  фабриката е основана во 2004 та година и постојано ги следат  најновите трендови во бизнисот со челик и челични конструкции и елементи.