Бизнис
6. July 2020 - 16:39

Домашниот туризам е прескап за Mакедонците

Домашните дестинации скапи за Македонците. Ќе ги посетат само оние кои имаат свои апартмани и куќи. Туристичките работници велат и покрај забраната да се патува во странство, интересот за домашните места нема да се зголеми. Дел од луѓето имаат каде да се сместат и немаат потреба  од агенција, а од друга страна цените на сместувачките капацитетите се многу покачени, што би можело да ги одврати оние кои немаат имот покрај езеро или на планина. Поради тоа многу малку од агенциите се одлучија да ги нудат  домашните дестинации.   

Се мислеше дека ќе се зголеми со затворањето на границите, но секој си има свој стан, познаници каде може да оди не му треба агенција да ангажира, не ги потценуваме,  но цените  на аранжманите се многу зголемени кај нас за жал некој сака во овој момент да профитира., вели Силвана Јовановска, туристички работник.

Засега најбезбедна и најбарана дестинација каде можат да летуваат македонците е Турција и покрај тоа што може да заминат и во Египет, Србија и Албанија.

Турција е најбезбедна и во моментов одат зошто земјата има протокол со кој некој ако заболи таму државата ќе застане позади него, во Албанија одат но многу малку и Египет затоа што никој не сака да ризикува. Овие земји немаат правилник ако на некој додека е таму му се случи нешто , вели Јовановка- туристички работник.

Туристичкиот сектор е еден од најпогодените од кризата со вирусот. Бараат држвата да најде начин како да им помогне затоа што тие не работат и немаат никакви приливи и не можат да ги исполнат условите за користење на државните економски мерки.