-->
-->
ДОМ: Реалнo да им се помогне на поплавените
-->
Демократската обнова за Македонија (ДОМ) бара да се олеснат процедурите за граѓаните кои претрпеле штети од поплавите полесно да ја добијат ветената помош.
- Непристојно е овие измачени луѓе да се шетаат по нотари или со недели да се бараат на списоци распослани како чаршафи, за да станат кандидати за „големата награда“ од 500 евра. Уште понепристојно е, а и болно, наместо свое име, да најдат имиња на луѓе кои воопшто не живеат во поплавеното подрачје, се вели во соопштението од ДОМ.
Оттаму бараат раководните лица во овие институции да ја проследат сериозно состојбата, да утврдат кој и во чие име ги злоупотребува граѓаните и конечно, како што велат, под итно да обезбедат да се испорача ветената помош.
Сметаат дека покрај оваа помош, државата треба да одвои реална сума буџетски средства за поплавените семејства, со која ќе можат да се поправат куќите, да се купи мебел, покуќнина, облека и се што им треба за живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации