Документарен филм за млади музичари од земјите на поранешна Југославија

Документарен филм „Недовршена симфонија/Регионална детска филхармонија” на авторката Оливера Милош Тодоровиќ ќе биде промовиран денеска напладне во концертната сала на средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј".
Во филмот учествуваат осумдесет талентирани млади музичари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија.
- Тие ги споија својот талент и посветеност на музиката и овој филм е пример за соработка во регионот. Дали новите генерации го имаат потенцијалот да ги променат стереотипите на нивните родители?, наведува ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј" најавувајќи ја премиерата на филмот.
Досега тој е прикажан во Белград и Загреб каде по проекциите имаше дискусија со учество на познати личности. На денешната дискусија во Скопје ќе учествува актерката Јана Стојановска. Влезот на проекцијата е слободен.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
