Договорот за надзор и градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани, информира Шукова
Договорите за надзор и за градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани, што значи дека со воведување на работа на изведувачот и надзорот ќе можат да започнат работите на нејзината изградба, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.
Таа на денешниот настан одржан по повод Денот на планетата Земја, одговорајќи на новинарско прашање изрази надеж дека во наредниот месец или два ќе започне имплементацијата на проектот.
- Процедурата течеше без пречки и без проблеми. Имавме промена на градоначалник на Град Скопје, најверотано им требаше извесно време за да поминат низ процедурите и да ги проверат и во тој дел настанаа дел од несогласувањата, но среќна сум кога нешто ќе се заврши на крај добро. Сега сме сите партнери, заедно треба да го спроведеме процесот, очекуваме целосна поддршка од Град Скопје и Јавното претпријатие. Министерството е тука на располагање за се што треба. Ајде да гледаме кон поведрата страна и кон позитивното дека ќе започнеме со реализација на еден од капиталните проекти, сепак градот заслужува да има третман на отпадните води, порача министерката.
Таа потсети дека станува збор за капитален проект во вредност од повеќе од 180 милиои евра од кои што државата успеала да обезбеди гранд од 70 милиони.
Шукова оцени дека ваквите проекти, како и ваквата владина поддршка треба да продолжат и во иднина.
- Проектот формално ќе го води Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ вклучено е и Министерството, ние секако ќе го координираме овој процес, посочи Шукова.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела