Македонија
5. May 2021 - 19:41

Договорена средба Мицкоски - Пендаровски во петок

Ново судење за 27-ми април ќе биде една од главните теми на средбата која Претседателот Пендаровски и опозицискиот лидер Мицкоски ја договориле за во петок. Информацијата која утрово ја сподели Мицкоски попладнево доби потврда и од претседателскиот кабинет. Од таму не прецизираат на кои теми ќе се разговара но од опозицијата велат дека приближените ставови за нов процес за 27 април ќе бидат на врвот на агендата.

Ваквиот став на Пендаровски СДСМ го пречека со негодување. Од владејачката партија порачаа дека 27 април е затворен случај и дека осудените ја добиле заслужената казна. Идентичен став имаше и обвинителството на Рускоска. 

За упадот во Собранието од пред четири години, осудени за тероризам се 16 лица на вкупно 211 години затвор. За истиот случај 4 поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и тројца кои гласаа за промена на името беа аменстирани. Судијаката Добрила Кацарска која ја изрече пресудата стана судија во Уставниот суд. 

Минатата недела на масовен протест пред Собранието и Владата голем број граѓани побараа ослободување на осудените за 27 април.