Договор за заедничка набавка на лекови и медицинска опрема со ЕК
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од пристапување и потпишување на заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема меѓу нашата држава и Европската Комисија, и го задолжи и овласти министерот за здравство да го потпише и соодветно да го имплементира.
На оваа седница, како што соопшти Владата, е донесен заклучок за воспоставување на централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што нашата држава ги добива, а ќе раководи заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.
-Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени, ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции, се наведува во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче