Додик: Мигрантите се повеќе се како колонисти
Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека мигрантите се повеќе се однесуваат како колонисти кои не се само на минување и дека некој планирал тие да останат таму.
– Нашиот став дека тие не можат да се распоредуваат на територијата на Република Српска е непроменлив, рече Додик.
Тој порача дека ќе се спротивстават на секоја одлука мигрантите да се сместуваат во области во Федерацијата на БиХ кои се населени од Срби пред да бидат протерани таму и дека е неприфатливо некој да ги смести покрај неколкуте српски населби во Федерацијата.
Додик смета дека проблемот со мигрантите мора да се решава во ЕУ, бидејќи, како што рече, Унијата ги отвори јужните граници на подрачјето на Бугарија и Грција, а ги затвори северните.
Ново на Сител
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи