Македонија
30. December 2015 - 16:37

Доделени наградите за најдобро украсени објекти „Новогодишните бои на Скопје“

Најкреативните новогодишни украсувања во Скопје ги добија своите награди. Градоначалникот Трајановски ги издвои најукрасените објекти кои го збогатуваат предновогодишниот дух и на градот му даваат празничен изглед. Традиционалното доделување и годинава имаше 4 категории, се оценуваа најдобро украсен двор, тераса, угостителски објект и училиште.

Добитниците на наградите истакнаа дека се среќни затоа што се цени нивниот труд. Велат ќе продолжат и во следните години на овој начин да влијаат на празничната атмосфера во главниот град.

Статистиките покажуваат дека со секоја наредна година се поголем е интересот кај граѓаните да се пријават на овој натпревар. Годинава до градската администрација биле испратени околу 30 пријави.