Македонија
18. September 2016 - 12:12

Додека го барала поранешниот сопруг малолетник се обидел да ја силува

На 17.09.2016 година во 23:00 часот во СВР-Струмица, Ц.А. (29) пријавила дека била физички нападната и дека малолетник се обидел да ја силува.
Синоќа околу 22:00 часот додека била во с. Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг и пришле две непознати лица кои и рекле дека истиот го познаваат и дека знаат каде се наоѓа во моментот. Потоа сите заедно тргнале кон м.в. „Трските“ со намера да го најдат. Кога пристигнале на една од нивите едното лице и ги фатило рацете и почнало да ја допира во пределот на телото.
 
Откако истата почнала да се противи и да вика лицето со употреба на сила и ја затворило устата, по што физички ја нападнало удирајќи ја со шлаканици по лицето. Во тој момент другото лице му рекло да ја остави и си заминало, додека истиот продолжил на сила да се обидува да и ја соблече облеката. Оштетената успеала да избега по што го пријавила случајот во полиција. Извршен е увид на местото на настанот.
 
Пронајдени се двете лица и идентификувани. Се работи за А.Д.(18) и 15 годишен малолетник. По наредба на ЈО, А.Д. бил задржан во СВР-Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Ново на Сител