Македонија
10. September 2021 - 16:42

Добрила Чaбриќ е 93 годишната жена која со автомобил излетала од патот во Охрид

Пејачката Добрила Чaбриќ (93) од Дојран тешко е повредена во сообраќана незгода што се случила вчера вечерта. Добрила била тргната за Охрид, каде требало да учествува на фестивалот „Охрид фест“, но со нејзиното возило излетала од патот и поради повредите завршила во болницата „Св Еразмо“ во Охрид, пишува ММС.

Сообраќајната незгода ни ја потврдија и од СВР Охрид и од МВР.

Вчера вечерта во 20.40 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за селото Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот. Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, велат МВР.