Македонија
10. October 2024 - 16:36

До понеделник ќе се знае дали има лекарски пропусти кај починатата родилка во Куманово и бебето на Детска

Дали има лекарски пропусти кај починатите родилката во кумановската болница и бебето од Гошинце на Детската клиника ќе се знае најдоцна до понеделник, најави министерот за здравство. Тој информираше дека двете стручни комисии и за двата случаи ги завршиле надзорите во сите установи каде биле третирани 31- годишната жена и 14 месечното дете.

- Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам или денеска или во понеделник најдоцна, ние како Министерство ќе имаме прес-конференција и ќе ги кажеме сите детали од случувањата и со жената која што беше бремена од Куманово која  почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија. Кажав, ако очекувате јас да судам, ние не сме судски орган, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ за 14 месечното бебе кое почина  во саботата на Детска од опструктивна бронхопневмонија покажа дека детето двапати претходно било носено на клиниката, но не е задржано на болничко лекување. Надлежноста на инспекторатот е само хронолошки да го провери текот на лекувањето, а имало ли пропусти треба да констатираат двајца педијатри и анестезиолог од ГАК кои се задолжени да го испитаат случајот.