Бизнис
4. April 2016 - 19:17

До крајот на неделава ќе почне исплатата за субвенциите за тутунот

Државата продолжува со грижата за земјоделците и исплатата на субвенциите.

Во последните 5 години на  земјоделците од Преспа им се исплатени 9 милиони евра, од кои над  7 милиони биле наменети за овоштарите информираше лидерот на владеачката партија Никола Груевски при денешната посета на Ресен.

- Процесот и натаму тече и  државата води грижа за луѓето кои одгледуваат и имаат овошни насади, за луѓето што се занимаваат и живеат од овие култури и  тоа ќе продолжи и во иднина.

Груевски информираше дека до крајот на оваа недела ќе почне и исплатата на субвенциите за тутунот предаден после 16ти јануари.

За оваа намена се издвоени 500 милиони денари.