До 1 септември отворен повикот за програмата за млади уметници „Инкубатор“
Фросина Шуман и Исидора Краљевска, кои ја посетуваа Програмата за млади уметници „Инкубатор“ во областа на танцот под менторство на кореографката Рисима Рисимкин, ќе бидат дел од Летниот камп за танц помеѓу Кина и земјите од Југоисточна и Централна Европа.
Годинава танцовиот камп се одржува од 2-ри до 23 август во Хрватска и Унгарија. Покрај современ танц, тие ќе имаат можност да изучуваат и класичен кинески танц, а воедно и да настапат на дел од програмата што ќе ја подготват таму.
Младиот музичар Столе Тришански, пак, кој беше дел од музичката продукција на „Инкубатор“ под менторство на Тони Китановски, создаде своја авторска песна, со текст на Марина Гоцевска - Инкубатор уметник од танцовата продукација и вокал на Андреа Јованова. Во тек е и подготовка на видеозапис за песната, кој наскоро ќе ѝ биде претставен на македонската јавност. Автор на видеото е Кристијан Ѓоргиев.
- Она што го почнавме во „Инкубатор“ под менторство на исклучителни македонски уметници, се надеваме дека понатаму ќе придонесе за освежување на музичката, но и културната сцена воопшто, истакнува Тришански, кој во продукциите на „Инкубатор“ беше задолжен за создавање оригинална музика за корегорафиите на Рисима Рисимкин.
Културната програма „Инкубатор“ беше промовирана на почетокот на годинава со цел да ги интегрира младите креативци во современиот уметнички контекст, овозможувајќи им професионална поддршка, менторство и простор за реализација на нивните идеи.
Отворениот повик за вториот циклус на програмата „Инкубатор“ е во тек и ќе трае до 1 септември. Може да аплцираат амбициозни уметници на возраст од 16 до 30 години со оригинални идеи, желба и потреба од простор за уметничко изразување.
Менторските обуки и сите потребни услови - простор, материјали, технички решенија, како и трошоците за патување на апликантите што живеат надвор од Скопје ќе бидат покриени од Културниот центар „Интерарт“.
Ново на Сител
-
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Иран, ИДФ повика на евакуација во иранскиот град Арак
-
Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште
-
Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари