Македонија
15. February 2019 - 16:40

ДКСК отвори постапка за сомнителните вработувања во јавната администрација

Антикорупциската комисија отвори постапка за проверка на 18 вработувања на роднини на актуелни функцнери од власта, по допрен глас.

Ќе се прави проверка за вработувањата на сопругот, синот и братот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска. Нури Бајрами, баџанокот на собранискиот спикер Талат Џафери ќе биде еден од членовите што ќе одлучува и за вработувањето на неговата внука, ќерката на Џафери на која тој и е тетин.

Антикорупциска ќе проверува и како се вработиле сестрите на министрите Асаф Адеми и Крешник Бектеши.  Ќе се проверуват вработувањата на сестрата, дедото и бабата на пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски, синот на пратеникот на НСДП Горан Мисвски, ќерката на пратеничката од независната група Емилија Александорва,  мајката на пратеникот и портарпол на СДСМ Констадин Костадинов, сопругата на пратеникот Зеќир Рамичиловиќ, и  синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева.

Проверка ќе има и за вработувања на сопругите на градоначалниците на Неготино и Берово,  на внуката на градоначланикот на Прилеп и сопругот на државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска.

Проверки ќе има особено за вработувања во најатрактивните МЕПСО, ЕЛЕМ, АЕК, УЈП...Најспорни според нив се вработувањата преку Агенции за привремени вработувања во јавната администрација.

Беше отворен предмет и за годишната прграма за култура на министерот Асаф Адеми. Антикорупцинерите ќе проверуваат како е направен изборот на настаните и институциите кои ќе добијат државни пари. Засега бараат само информации од надлежните.

Комисијата апелираше да се почитуваат и препораките што важат по распишувањето на претседателските избори. Не е дозволено да се почне со изградба на патишта, спортски објекти, градики, училишта со пари од буџетот или од јавните фондови. Не можат да се вршат вонредни  исплаќања на плати, пензии и социјална помош, ниту пак може да се почнува со нови постапки за враборувања или откази во државни и јавни институции.