ДКСК: Нема судир на интереси во номинацијата Дескоска да биде член на Венецијанската комисија
По анализа на целокупната документација, Антикорупциската комисија утврди дека нема судир на интереси во предлогот на Владата, министерката за правда Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија.
"Според статутот на Венецијанската комисија, таа е составена од независни експерти, но она што е најважно во статутот е предвидено дека членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата од каде доаѓаат и тие воопшто не учествуваат во расправата и гласањето поврзано со земјите кои ги претставуваат. На ваков начин сметаме дека Венецијанската комисија сама се има заштитено од судир на интереси" посочи претседателката на комисијата за спречување корупција Билјана Ивановска.
Овој предмет ДКСК го отвори по допрен глас од медиумите, но и по претставка поднесена од политичка партија.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници