ДКСК ќе ги разгледува случаите со Рашковски и со набавката на авиобилети во институциите

Државната комисија за спречување корупција ќе го разгледа случајот со продажбата на авионски билети во институциите, изјави денеска претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска.
-Планираме да разговараме со Државниот завод за ревизија колку тие ќе го покријат тој случај. Значаен е затоа што големи парични средства се кријат во позадина и вреди за истражување, изјави Ивановска која денеска учествува на обуката за зајакнување на улогата на укажувачите во борбата против корупцијата во организација на Транспаренси Итернешенл-Македонија и ДКСК.
На новинарско прашање дали лицето што го откри случајот со владиниот генерален секретар Драги Рашковски е укажувач, таа нагласи дека тоа лице нема статус укажувач бидејќи не ги испочитувал законските услови.
Претседателката на Антикорупциска повтори дека ќе водат постапка по допрен глас од медиуми по сопствена иницијатива, но се уште не можат да почнат со обработка бидејќи чекаат да им биде доставена документацијата што ја имаат побарано од МАВ од аспект што е потребно во однос на тендерот, како и документација од Рашковски на писмено да образложи во кое својство се нашол во објавениот снимен разговор.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
