„Дизни“ повторно ги одложува премиерите на своите филмови
Компанијата „Волт Дизни“ повторно ги одложи премиерите на три големи филма, што е уште еден удар врз филмската индустрија, која се бори да ја преживее пандемијата.
Прикажувањата на новите филмови „Аватар“ и „Војна на Sвездите“ се одложува за една година, односно соодветно – за 2022. и 2023 година. А пак, „Мулан“ отпадна од летниот распоред на хит-премиери годинава – новиот термин е крајот на август.
Зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во САД и светското влијание врз филмската индустрија изискуваат коренити промени во стратегијата, велат од компанијата.
– Стана јасно дека ништо не може да се направи кога станува збор за оваа светска здравствена криза. Денес тоа значи да се запрат сите наши планови за веќе закажаната премиера на „Мулан“, поради проценките за тоа како најдобро да се претстави филмот пред публиката низ целиот свет, изјави гласноговорникот на „Дизни“.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи