Македонија
4. August 2021 - 8:38

ДИЖС ќе презентира податоци за надзорите во 2021 година и изречените казни

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) Ана Петровска денеска ќе одржи прес-конференција во врска со шестмесечниот извештај за работата на Инспекторатот.

Според најавите од ДИЖС, Петровска ќе презентира податоци за зголемениот обем на надзори во 2021 година во споредба со лани и за изречените казни.

Прес-конференцијата ќе се одржи на приземјето на Државниот завод за ревизија (палата Емануел Чучков) со почеток во 10 часот.