Македонија
14. January 2019 - 13:08

Диви свињи се спуштаат по храна до села од Тиквешијата

Диви свињи се спуштаат по храна до села од Тиквешијата, поради ниските температури.

Коце Кулев-Кујо, жител на кавадаречкото село Ресава, за МИА изјави дека свињи се спуштиле дури до селската продавница.

Претседателот на Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев, кој поседува имот во кавадаречкото село Мрежичко, исто така потврди дека дивите свињи се повеќе се приближуваат до селата, од повисоките кон пониските места.

– Риејќи во снегот, тие пронаоѓаат желади, корени, ореви, остатоци од храна околу селските трла, велат Кулев-Кујо и Сакалиев.