Македонија
7. September 2018 - 16:37

Диви свињи го уништија родот на пченката во струмичко

Уште не стасана за берба , а родот со пченка во струмичко Вељуса  скоро е препопловен. Диви свињи секојднево се симнуваат во полето и масовно ги уништуваат посевите.  Трајчо Секулов е само еден од жителите на селото кој веќе скоро две недели  се соочува со овој проблем. Вели со денови се обидува да го заштити родот  но безуспешно. Од површина од 2,5 хектари колку што има посадено скоро 40%  од пченката веќе била  уништена. Ваков проблем имале  и порано, но не во размери како оваа година.

,, Масовно напаѓаат. Минатата година беше покасно, после 25 септември некаде, а оваа година многу рано почнаа. Не се стасани пченките и не може дома да ги однесеме и ќе ги уништиме. Има и мали, маторици има, има и големи свињи, ние не може да ги видимие. Јас пукам петарди, еве и бурето ми е тука , палам оган за да се заштитам на некој начин за да ги растерам. ,, вели ТРАЈЧО СЕКУЛОВ - ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

Секулов вели штетата е голема, но  уште поголем проблем е тоа што  посевите во кои се  симнуваат и по триесетина свињи одеднаш се само на околу еден километар од селото што е ризично и за самите жители.

,, Пченка и догодина можеби ќе се роди, но не дај боже ако се нападне некој човек и ако се направи нешто полошо од тоа, тогаш незнам.,, вели СЕКУЛОВ

За целиот проблем став побаравме од ловното друштво Беласица од каде информираа дека  во моментов е приод на ловостој, а во таков случај се додека не започне ловната сезона  до први октомври тие немаат никакви надлежности и одговорна е државата односно надлежното министерство.