Дискусија за управување со ИПА
Евротинк - Центар за европски стратегии и Фондацијата отворено општество - Македонија денеска организираат презентација на студијата и панел дискусијата: „Управување со инструментот за претпристапна помош - практики и предизвици“.
Во документот се анализира искористеноста на фондовите на ЕУ во Република Македонија преку Инструментот за претпристапна помош (2007-2013). Акцентот е ставен на средствата што се управуваат преку децентрализираниот систем за имплементација.
Главната цел е наодите добиени од анализата да се користат за промовирање на подобро искористување на европските фондови, особено како препораки кои би можеле да се користат за Инструментот за претпристапна помош за периодот 2014-2020 година (ИПА2).
Панел-дискусијата треба да поттикне дебатата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален