Директорот на БЈБ во Солун на состанок со неговиот грчки колега
Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски денеска во Солун е на средба со неговиот грчки колега Константинос Сувалас.
Од Министерството за внатрешни работи оценуваат дека се работи за состанок од исклучителна важност бидејќи е прв од ваков вид меѓу директорите на двете полиции и е можност за размена на информации за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полициски служби во сите сфери од заеднички интерес.
- Нивото на полициската соработка помеѓу двете полициски служби е значително подобрено од август 2015 година па наваму – веднаш по прогласувањето на кризната состојба одржан е координативен состанок, по што зачестени се средбите и состаноците на регионално и на централно ниво. Позитивно се одговара на барањата за средби и секогаш во многу краток период се организира средба кога тоа ќе го побара некоја од страните, се наведува во соопштението од МВР.
МВР нагласува дека состанокот е можност соработката да се прошири и на други области од полициското работење согласно иницијативите предложени на претходните средби – борба против криумчарење мигранти, обуки, заеднички истражни тимови итн.
Денешната посета се реализира на покана на директорот на полицијата на Грција.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија