Директорот на АНБ демантира дека обвинети од СЈО биле вработени во агенцијата
Нема пријавено и одбрано обвинети во предмети на Специјалното обвинителство во новата Агенција за национална безбедност што треба да ја замени УБК, тврди првиот човек на оваа институциуја Виктор Димовски откако во јавноста се отворија дилеми дали меѓу пријавените се и бегалците Горан Грујовски и Никола Бошковски.
Ова значи дека сите оние од МВР кои не се пријавиле на конкурсот за новата агенција ќе останат таму вработени.
Димовски, тврди дека целиот процес на селекција бил објективен. Преку процес на ветинг од вработени во МВР, проверка на безбедосните сертификати и проверка во базите од државните институции бил напревен избор за околу 400 вработени во оваа институција.
Од друга страна, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Димков, кој си даде оставка од Комсијата за селекција, и понатаму се сомнева во објективноста на процесот.
Димовски ги отфрла ваквите сомневања како политички мотивирани, но призна дека полиграф и и тест за интегритет не се примениле.
Димовски, кој денеска реферираше за направената селекција за вработени во АНБ пред собраниската комисија за надзор над безбедносните служби, спомена дека помналку поени за влез во Агнецијата биле птребни за припадниците на етничките заедници поради принципот на правична застапеност, како и помалку искусните оперативци на УБК.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар