Дипломатскиот кор се потпиша во книгата на жалост
Обединување, сплотеност, сочуство, жал за загубените животи се дел од пораките што граѓаните и претставниците на дипломатскиот кор на повеќе од дваесетина страници ги напишаа во книгата на жалост за загинатите од катастрофалното невреме што го зафати Скопје.
Жалење за жртвите и сочуство изрази и Британскиот амбасадор на Велика Британија во Македонија- Чарлс Герет
И американскиот амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли се потпиша во книгата на жалост. Тој пиша дека сега е време за обединување и давање на помош на сите оние што им е потребна исто како што тоа се случило за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година што го погоди Скопје.
Во меѓувреме сочуство до граѓаните на Македонија упати и американскиот Стејт Депармент
Во книгата на жалост се потпишаа претставниците и амбасадорите на Србија, Албанија, Полска, Швајцарија, Кралството Шпанија, Франција и на Светската Банка.
-
Митко Сланинкоски
Сите содржини од овој новинар
