Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини
Во вечерашното гостување во Тема на денот во Централниот дневник на Сител поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели несомнено е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има значително повеќе од СДСМ на републичко ниво, зборувам генерално и тоа ќе биде процесот кој што ќе отвори делегитимација на оваа влада.
-Овие избори како локални избори имаат голема аритмика на гласови, значи мнозински систем, не е пропорционален, се гласа и за градоначалници и за листи , дополнително се гласа и за Град Скопје. За прв пат имаме коалиција со албанските партии на двата политички македонски блока. Во секој случај мислам дека во сите споредби и во број на советници и во број на гласови и во број на градоначалници ВМРО-ДПМНЕ, односно опозицијата поради тоа што голема коалиција над 20 политички партии ќе однесат предност, смета Димовски.
Според Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини, додавајќи дека се виде капацитетот на власта во однос на реализација на проекти, афери, скандали и лоша економска политика.
-Јас мислам дека и во Скопје ќе биде најзначајната победа на ВМРО-ДПМНЕ и во општините и во Градот Скопје. Знаете секогаш големите градови Скопје, Битола, Велес, Прилеп се градови кои што први ја создаваат климата на промени на власт. Ние навистина сме во еден период после четири и пол, скоро пет години ако ги имате во предвид оние технички влади се виде каков капацитет има оваа власт, се виде каде заглавија во проекти, каде заглавија во аферите, во скандалите, со надворешната политика, економијата ни е на шкрги. И мислам дека нема дилема, прашањето е само колку ќе биде разликата во полза на опозицијата, рече тој.
Димовски нагласи дека овие избори се важни за граѓаните бидејќи самите тие треба да си одговорат дали во нивните општини во изминатите четири години има изградено повеќе градинки, дали е решен урбаниот хаос, дали има повеќе паркинг места или пак паркови, односно како што рече тој од сите досегашни анкети се покажува дека граѓаните се незадоволни од реализацијата на ветените проекти од страна на досегашните градоначалници од СДСМ.
-Овие избори се значајни и за граѓаните. Се поставува прашањето зошто сер значајни за граѓаните, бидејќи токму граѓаните треба да си одговора на повеќе прашања, дали во нивната општина има повеќе градинки или има исто градинки, дали во нивната општина има повеќе паркинг места, повеќе паркови, дали се среди урбаниот хаос или не се среди урбаниот хаос или тој стана мултиплициран, дали се изградија нови сообраќајници низ градовите, дали има дополнителни содржини во овие четири години. Според сите анализи кои што се правени на реализација на ветените проекти на досегашните градоначалниците од СДСМ, но и според анкетите кои можеме да ги видиме, граѓаните се апсолутно незадоволни, кажа Димовски.