Димовски: Една изборна единица и отворени листи ќе ги остават помалите градови без пратеници
Предлогот за воведување на една изборна единица ќе ги остави помалите градови низ Македонија без свои пратеници во Собранието, тврди за Детектор долгогодишниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Тој смета дека отворените листи ќе им овозможат подобри услови на оние кандидати кои имаат медиумска експонираност, за сметка на кандидатите од помалите градови.
„Она што е штетно со тоа решение е елитизација во рамките на веќе популарните и познати јавни личности. Многу ќе му биде полесно на господинот Зекири или мене како долгогодишни активни луѓе во политика или во медиуми или присутни луѓе во медиумите да ги пласираме нашите идеи, отколку на некој кандидат од град Неготино или град Демир Капија или од град Пехчево, помали средини, кои што ќе немаат можност, никогаш практично со тој модел да имаат свои пратеници. Зошто? Партиите ќе си ги централизираат кампањите на оние што се јавни личности, веќе познати личности или личности кои што доаѓаат од големи градови, Битола, Струмица Велес.
И никогаш ние во Парламентот нема да добиеме пратеници од Неготино, нема да добиеме пратеници од Гевгелија, Виница. Е сега го имаме тоа и има кој да ги застапува тие граѓани. Затоа велам, не случајно Велика Британија, САД, се држат строго на тој модел повеќе од 200 години, мнозински систем со плурално гласање во прв круг.“ – вели Димовски за Детектор.
Анкетата на Детектор кој беше објавена во последната емисија покажува дека мнозинството граѓани бараат промена на изборниот модел.
Ново на Сител
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото