-->
-->
Димковски: Помош и поддршка на домашното земјоделско производство во вредност од 250 милиони денари.
-->
Во време на глобална криза, кога и цената и побарувачката на важни земјоделски производи е на високо ниво, Владата предводена од СДСМ презема чекори за помош и поддршка на домашното земјоделско производство.
За таа цел, за прв пат се воведува Програма за интервентен фонд за земјоделството, во вредност од 250 милиони денари.
Овие средства во голем дел ќе бидат наменети за поддршка на сточарството и за растително производство, односно за житните култури.
120 милиони денари се наменети за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива за производителите на пченица и јачмен.
Дополнително, поради високата цена на нафтата, годинава, направено е усогласување и на износот за реализација на мерката „зелена нафта“ кој е зголемен за 13 отсто.
Но, она што е исто така важно е што овој Интервентен фонд се проширува со нови мерки за поддршка на земјоделците.
Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед и пченка.
Дополнително, и за оваа година, субвенциите за сончогледот ги исплативме пред почетокот на новата сеидбена сезона за земјоделците да можат навреме да сеат и да имаат пари за производствените трошоци.
Минатата недела, Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка.
И во време на светска криза, Владата предводена од СДСМ се грижи за земјоделството и инвестира во руралниот развој.
Продолжуваме со реализација на мерки кои обезбедуваат квалитетно, конкурентно домашно земјоделско производство.
Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес