Димковски: МЗШВ не може директно да влијае на преговорите меѓу лозарите и винариите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не може директно да се вклучи и да влијае во преговорите меѓу лозарите и винариите, единствено може да помогне и посредува да се одржат средби меѓу засегнатите страни за определување на откупната цена на грозјето, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
-Не можеме ни да излеземе со конкретни предлози за интервентни мерки бидејќи е почеток на бербата. Треба да видиме како ќе помине реколтата и сезоната, а потоа да размислуваме за евентуални интервентни мерки и дали и колку ќе треба да се интервенира од државата. Од искуство ќе биде многу полошо доколку се направат пред откупот било какви интервентни мерки затоа што ќе се вкалкулираат во откупната цена, рече Димковски, во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
Прашан дали за следната година се планира во законска рамка да се стави барањето на лозарите производната цена на грозјето да биде основа за одредување на откупната цена, Димковски рече дека производната цена зависи од површината на која се одгледува грозјето и додаде дека во определувањето на просечната производна цена може да помогне Факултетот за земјоделски науки и храна.
-Може да се разговара за тоа. Во пазарна економија како Министерство можеме да кажеме која е произvодната цена, но никогаш неможе да ја одредиме пазарната цена со закон или со нешто друго, рече Димковски.
Здружението „Напредни лозари“ од Кавадарци за утре во 20 часот најави протест на кавадаречкиот плоштад во знак на револт од ниските откупни цени на на грозјето. Од Здружението побараа помош од државата за надминување на проблемот. Велат дека излегуваат на протест затоа што винарите им нуделе многу пониски цени од тие што ги бараат – најмалку 16 денари за килограм „смедеревка“ и плус денар, два повеќе за „вранец“.
Ново на Сител
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот