Димитров - Захариева: Договорот отвара нови перспективи за односите меѓу двете држави
Денешното потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји ќе отвори нови перспективи за односите и соработката меѓу двете држави, констатираа министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева на средбата што се одржа по потпишување на Договорот од страна на премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.
Како што соопшти македонското МНР, министрите споделиле и задоволството што Владите на двете држави во пракса покажаа дека имаат капацитет самостојно да решаваат отворени прашања, како и визија за заедничка европска и евроатлантска иднина, пример кој отвора нови перспективи за стабилен и интегриран Регион.
- Денес е историски ден. Договорот е манифестација на цврстата волја да се решаваат отворените прашања и заедно да чекориме напред, кон иднината, односно како што изјави и Европската Унија - Договорот е инспирација за целиот регион, рече министерот Димитров истакнувајќи благодарност до вицепремирот Захариева и целиот тим.
Министерката Захариева изрази благодарност до Димитров и премиерот Заев, како и до тимовите кои работеа на Договорот, при што истакна: „Јас цврсто верувам дека ако твоите соседи не се добро, нема ни ти да бидеш добро. Договорот е прв чекор за нештата кои треба да ги градиме заедно, ефектот од овој договор допрва ќе се мери".
Захариева додаде дека Бугарија е подготвена да и понуди експертска помош на Македонија за реформите кои претстојат и изрази надеж дека следната година Република Македонија конечно ќе има позитивен старт во преговарачкиот процес со ЕУ.
На средбата, министрите изразиле задоволство од позитивниот ефект на нововоспоставениот, отворен и конструктивен политички дијалог меѓу двете држави. Искажале и заемни очекувања за негово надградување во насока на реализација на заедничките цели и интереси на двете земји, европска и евро-атланска иднина на Република Македонија, за безбеден, стабилен и економски развиен регион, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?