Димитров - Шенон: САД ќе продолжи со поддршка на Македонија
Министерот Никола Димитров пред почетокот на отворањето на Генералната дебата на 72-то Генерално собрание на ОН оствари оствари билатерална средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт департмент, Томас А.Шенон.
Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата, која минала во исклучително пријателска и конструктивна атмосфера, министерот ги потенцирал клучните заложби на македонската Влада, како на домашен, така и на надворешен план. Притоа, особен акцент даде на реформските активности насочени кон враќање на македонското општество на вистинската демократска патека, како и на позитивниот, отворен и пријателски пристап кон посредните и непосредните соседи на Македонија.
Димитров се осврна и на сегашниот и на планираниот засилен ангажман и придонес на Република Македонија кон НАТО мисиите, а со цел поддршка на партнерите и придонес кон светскиот мир согласно капацитети на земјата, како и докажување дека земјата по долготрајно чекање заслужува да стане 30-та земја членка на организацијата.
Американскиот потсекретар Шенон, изрази високо почитување за визијата, храброста, самосвесноста и реалниот пристап содржани во пренесените пораки од македонска страна. Изрази интерес за билатералните односи со соседите, како и задоволство од позитивните исчекори во тој правец.
Шенон го потенцираше задоволството на САД од партнерството со Република Македонија и подготвеноста да продолжат со поддршката за реализација на македонските стратешки цели.
Министерот за надворешни работи на Република Македонија учествуваше на повеќе настани и средби во придружба на премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава