Димитров посетата на Брисел ја заврши со средба со Серафин
Република Македонија претставува голема можност за успех во Европа и заслужи почеток на пристапните преговори со ЕУ, порача денеска во Брисел шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на средбата со шефот на кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Пиотр Серафин.
Својата тридневна посета на Брисел Димитров ја заокружи со обраќање во бриселскиот тинк-тенк „The Macedonian name dispute: a test case for Balkan enlargement”.
Министерот Димитров ги запозна присутните со состојбата во Република Македонија, соопшти МНР.
Тој ја истакна важноста за изнаоѓање решение на спорот со Грција со што, покрај Република Македонија, придобивки би имале и регионот, но и Европа.
- Преговорите со Грција не се само процес за решавање на разликата што ја имаме, туку и процес кој ќе не направи блиски сојузници, нагласи Димитров.
Тој се осврна и на внатрешните реформи - она што е до сега направено како и она што треба да се направи, со посебен фокус на реформите во судството и слободата на медиумите.
Димитров зборуваше и за добрососедските односи, вклучувајќи го и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Ново на Сител
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот