Димитров: Никој не може да го спори правото на самоопределување

Одлуката за старт на преговорите со ЕУ ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех, пред се на Европа, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Ќе направиме се и ќе вложиме се, за во декември да ја одржиме првата меѓувладина конференција со Унијата, чиј почеток во ниту еден случај не смее да зависи од идентитетските прашања, дециден Димитров. Коментирајќи ги се пореалните закани за вето од Бугарија, вицепремиерот се повика на Договорот за добрососедство. Таму не е оспорено правото на самоопределување. Напротив, доколку се оспорува, тогаш тука нема пријателство, дециден е Димитров. Не се согласува дека историската комисија не продуцира успех во работата, бидејќи ваквите комисии во другите европски земји им требало многу години да постигнат согласност. Крајно, Димитров вели дека не можеме да исклучиме дека во декември нема да има старт на преговорите. "Но доколку причина за тоа е македонскиот јазик, јас немам проблем со тоа", заклучи Димитров.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
