Димитров ги прими копиите од акредитивните писма на новиот германски амбасадор
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ги прими копиите од акредитивни писма на новоименуваниот, вонреден и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Томас Норберт Герберих.
Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, во таа прилика ги поздравил одличните и пријателски односи меѓу двете земји, посочувајќи дека тековната динамична соработка во повеќе полиња од заемен интерес сведочи за заедничката волја за надградување на позитивниот тренд во севкупната билатерална размена.
Министерот искажал благодарност за важната и конструктивна поддршка на СР Германија за европската и евроатланската перспектива на Македонија и регионот, изразена, меѓу другото, преку Берлинскиот процес.
Амбасадорот Герберих изразил задоволство што во наредниот период ќе ја води германската Амбасада во пријателска Македонија, пренесувајќи ги притоа пораките на охрабрување од официјален Берлин за политиките и активностите на новата македонска Влада, како во делот на амбициозната реформска агенда, така и во контекст на новиот позитивен пристап во односите со соседите.
Во оваа смисла, пренесе и целосна поддршка за европската и евроатланската перспектива на Македонија, со очекување за што поскоро и конкретно поместување на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО. Претстојната посета на министерот Димитров на Берлин и средбата со својот германски колега Габриел, претставува дополнителна потврда во оваа насока, се наведува во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци