Димитров: ЕУ мора да го признае напредокот на Македонија
Ако сака да биде позитивна сила, да поттикнува политика на компромис, да стимулира прореформски влади, ЕУ мора да го признае напредокот на Македонија. Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни. Влогот е огромен, порача министерот Никола Димитров на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“, во рамките на 56-та Минхенска безбедносна конференција.
На маргините на конференцијата министерот Димитров и денеска оствари повеќе билатерални средби и тоа со Жан Аселборн, МНР на Луксембург, Дејвид Харис, Извршен директор на Американско-еврејскиот комитет, Ричард Мур, Генерален директор за политички прашања во британскиот Форин Офис.
Главниот акцент на разговорите, како што соопшти МНР, беше ставен повторно на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја, во пресрет на клучните моменти за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори.
Министерот Димитров учествуваше и на работната вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде и извршниот директор на Google Jigsaw Џеред Коен, на која почесен гостин беше американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток