-->
-->
Димитров-Чаба: Канада ја очекува Македонија како 30-членка на НАТО
-->
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска се сретна со амбасадорот на Канада за Република Македонија, со седиште во Белград, Кетлин Чаба, по нејзиното стапување на функцијата на крајот на јануари оваа година.
Амбасадорката Чаба, пак, ја пренела канадската поддршка за реформската агенда на Владата на Република Македонија и ги поздравилас надворешно-политичките активности кои земјата ги презела во изминатиот период.
Канада ја очекува Република Македонија како 30-та земја членка на НАТО, рекла таа, и додала дека тоа ќе биде значаен придонес кон стабилноста и безбедноста на Република Македонија, но и на целиот регион.
На средбата, како што соопшти МНР, било разговарано и бил потврден заемниот интерес и за унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, ставање значаен фокус на економската соработка во претстојниот период, како и натамошно продолжување на успешната мултилатерална соработка.
Шефот на македонската дипломатија изразил очекување дека за време на нејзиниот мандат во Република Македонија, односите и соработката меѓу двете земји ќе бележат нагорен развоен тренд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана
-
ТАВ подготвува мастер план за развој на аеродромите во Скопје и Охрид
-
Спасителите и оваа година со бројни интервенции
-
Во Струмица ќе се градат дополнителни 5,5 километри велосипедски патеки
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел