Димитров: Акцентирањето исклучиви позиции ги намалува шансите за решение

Доколку се акцентираат исклучиви позиции во јавноста, се намалуваат шансите на процесот за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, додавајќи оти е покорисно да се зборува за цели отколку за позиции.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со позицијата на Грција дека е потребна промена на македонскиот Устав за да се постигне решение за името, Димитров посочи оти смета дека е многу покорисно да се зборува за цели, односно што Грција сака да постигне во овој процес, а исто така и кои се целите на Македонија.
- Сметам оти на тој начин ќе имаме поголеми шанси за вистински да се надмине разликата и да дојдеме до компромис кој ќе биде прифатен од граѓаните на двете страни, рече Димитров на заедничката прес-конференција со неговата хрватска колешка Марија Пејчиновиќ Буриќ.
Додаде дека во целиот процес е пожелно доколку Македонија и Грција меѓусебно се натпреваруваат кој ќе покаже поевропски приод во овој билатерален спор во смисла на разбирање на другиот и вградување на европските вредности и принципи во процес.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
