Димитриеска – Кочоска: Министерката не разликува план од реализација
Во однос на кажувањата дека ни се достапни податоците на начин што ни биле доставени податоци од годишните планови за вработувања на институциите, сакаме да демантираме и да нагласиме дека ваквите податоци од годишните планови со бараните податоци за издадени согласности се првенствено различни како по законски основ така и по значење.
Податоците кои се бараат за издадени согласности за вработување се податоци за изворна надлежност на Министерот за финансии која произлегува од Законот за буџети и од Законот за трансформација во редовен работен однос. Додека пак податоците од годишните планови за вработување се податоци согласно Законот за вработените во јавниот сектор, за чија реализација надлежно е Министерството за информатичко општество.
Различноста како што е и во однос на значењето на овие податоци, затоа што бараните податоци се однесуваат на согласности за РЕАЛНО вработување на лица пред објавување на оглас за вработување, додека податоците од Плановите за вработување се за ПЛАНИРАНИ нови вработувања, која бројка е предмет на измена и дополна, и често се разликува од онаа која е крајна реализирана бројка, за што согласно законските прописи МФ нема изворен податок.
Имено, различноста се состои во тоа што бараните податоци се однесуваат на податоци според ВИДОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ – ОПРЕДЕЛЕНО НЕОПРЕДЕЛЕНО, а во плановите за вработување се прикажуваат единствено планираните нови вработувања на неопределено време.
Во однос на тврдењето дека „задача на Министерството за финансии е единствено проверка дали институцијата има обезбедено средства во буџетот во тековната фискална година за вработувањето, а не и одобрување на истото, и тоа дека законска обврска на Министерството за финансии било единствено да известува дали се обезбедени средства во буџетот на барателот или не, а не да води политика на вработување.“
Укажуваме повторно Министерката да ги види основите во законските прописи, конкретно Законот за трансформација во редовен работен однос, согласно кој МФ дава СОГЛАСНОСТ за ангажирање на лица со договор за дело или авторски договор, што подразбира направена процена за нејзино издавање, а не просто известување. Според овој закон согласноста не треба да се сведе на проверка за тоа дали има средства или нема институцијата, но сепак ако министерката сеуште е на тоа мислење, упатуваме да ја воочи законската разлика и досегашното постапување.
Со ваквиот демант од МФ, уште еднаш се потврдува дека Министерката не разликува план од реализација, а уште повеќе не се прави разлика на согласности во зависност од законски основ и значење на иститите.
Оттука повторно како прашање се поставува, кои се критериумите за издавање на оваа согласност, како се утврдува континуитетот за вакви ангажирања, како се спречува злоупотребата на овие институти, кои можат да се на штета на работниците, и дали воопшто се води грижа за реалната потреба за издавање на вакви согласности, што впрочем е улогата на ова министерство при издавањето на овие согласности согласно законските одредби.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци