Македонија
27. September 2019 - 15:26

Димче Арсовски: Фирма блиска на Заеви добила грант од Фондот за иновации и технолошки развој

Да работеше владата на Заев на проекти колку што работи на скандали и афери, Република Македонија навистина ќе блескаше. Вака блеска само криминалот, корупцијата и бизнис интересите на власта.

Скандалот кој го објавија медиумите дека фирма блиска на семејството на Заеви добила грант од Фондот за иновации и технолошки развој е уште еден доказ дека народните пари заминуваат речиси по правило во џебовите на функционерите или фирмите на нивни блиски фирми и членови од семејството.

Имено фирмата Пауерад од Струмица минатата година добила милионски гранд од Фондот, истиот оној Фонд кој додели грантови и на фирмите на вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Локвенец, снаата на советникот Цветанка Ласкова, и десетици други скандалозни случаи. Гореспоменатата фирма од Струмица не е туку така одбрана. Ако се земе досегашниот модел на додоелување на грантови, постои основан сомнеж дека таа била почестена со средства затоа што во нејзиното сопствеништво удел имала фирма на Заеви, преку нивната фирма Еленица.

Впрочем тоа го говорат и документите. Фирмата Пауерад од Струмица до 7 август 2018 година била во косопственот на фирмата на Заеви, а Управител на „Пауерад“ бил Митко Димитровски, член и на управниот одбор на „Еленица“. Оваа фирма ја променила сопственоста во екот на минатогодинешната афера со доделување на грантови и потоа добила милионски грант од Фондот за иновации.

Мошне инвентивен начин бил пронајден освен фирмите на најблиските соработници, милиони да завршат и во фирмата која е блиска до семејството Заеви.

Оттука прашуваме, дали фирмата Пауерад кога го добила грантот била доволно добро проверена во чија фактичка сопственост била и дали можеби се води и за оваа фирма како и за другите истрага како што беше влезено ОЈО во Фондот за иновации за доделување на грантови? Дали Фондот за иновации не сметал дека е сомнително што една фирма која што го променила сопственичкиот удел во екот на кампањата требало да биде одбиена за грантови?

Да потсетиме дека Заев на говорница манипулираше со јавноста дека наводно поради голема етичност фирмите на семејството Заеви не учествувало на конкурски за иновативни грантови. А сега информациите говорат дека оваа фирма која е добитник на грант има историјат кој директно ги врзува Заеви и грантовите на Фондот за иновации.
Толку од етиката и моралните лекции кои Заев ги делеше пред граѓаните.

Крајно сомнително е тоа што Еленица на Заеви туку така се откажала од сопственоста во фирмата Пауерад од Струмица, преку ноќ се избришале од листата на сопственици, ама затоа фирмата се нашла исто така мистериозно на листата на добитници на државни пари.

Да потсетиме дека во тој ек на доделување државни пари преку Фондот за иновации се проневерија можеби преку 10 ипол милиони евра од страна на сите овие луѓе кои што ги споменавме од раководството на СДСМ.

Овој скандал е само показател на принципот на работа на Заеви воспоставен уште од времето кога беше Зоран Заев градоначалник на Струмица. Секогаш кога има некој добар бизнис или добра јавна набавка ним блиска фирма да се најде како добитник. Овој скандал со Фирмата Пауерад е врвот на скандалозното работење на Фондот за иновации и технолошки развој.

Дополнително Фондот за иновации треба да даде одговор колку пари биле доделени на оваа фрима Пауерад, даде евоалација како биле потрошени, на кој начин и за што биле потрошени. Дополнително да се утврди како може сопственицте на фирмата кои што се сопственици само наоваа фирма да имаат во сопственост Порше Панамера кој што можеби чини и повеќе од 100 тина илјада евра. За тоа треба да даде одговор Фондот за иновации, а дополнително да се поведи истрага за потеклото на имотот на оваа фирма.
Повикуваме надлежните институции да го испитаат начинот на кој е избрана оваа фирма и дали има скриено сопствеништво на фамилијата Заеви.

Дополнително бараме одговор од ОЈО дали и оваа фирма, односно доделување на овој грант од Фондот за иновации е предмет на истрага од страна на обвинителството со случајот кога влезе за доделување на грантови.