ДИК: Зголемен бројот на граѓани кои вршат увид во Избирачкиот список
Увид во Избирачкиот список од 21 овој месец до вчера (28 август) преку апликацијата на веб страната на Државната изборна комисија (ДИК) е направен 177. 998 пати додека во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата низ земјата тоа го направиле 7.408 граѓани, беше соопштено на денешната седница на ДИК.
Само за едно лице од почетокот на увидот во Избирачкиот список за Локалните избори 2017, ДИК донела решение за бришење од списокот, петмина побарале промена на податоците, а еден граѓанин побарал бришење на живеалиште.
Според членот на ДИК Атанас Урумов, се поголем е бројот на граѓани кои прават увид во Избирачкиот список.
Субхи Јакупи смета дека од досегашниот увид се гледа дека Избирачкиот список нема некои аномалии и ги повика граѓаните до 9 септември да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список.
Членовите на ДИК исто така го разгледаа и извештајот за собирање потписи за независни кандидати за членови на совет на општина и за градоначалник. За членови на совет се собираат потписи за 20 листи, додека за градоначалник за 13. Во Македонски Брод се собираат потписи за девет листи за советници, за по две листи се собираат потписи за членови на совет во Охрид и во Радовиш, по една во Битола, Дебарца, Долнени, Карбинци, Кривогаштани, Петровец и Ранковце. Во Битола и во Охрид има две листи за собирање потписи за градоначалник, а потписи за градоначалник собираат и независни кандидати во Брвеница, Вевчани, Гази Баба, Дебарца, Карпош, Куманово, Радовиш, Ранковце и Струга.
На денешната седница ДИК разгледуваше и одлучуваше за дваесетина барања за изземање и за разрешување на членови на ОИК и изврши случаен избор на испразнетите места. Комисијата смета дека ОИК треба до нив да доставува докази со кои ќе ги поткрепи своите барања за разрешувања на членови или нивни заменици. За неколку членови и заменици членови за кои општинските изборни комисии навеле дека не ги извршувале обврските во изборниот процес, како на пример од ОИК Шуто Оризари, Кавадарци и други места, Комисијата ги одби барањата за разрешување, но донесе заклучок за тоа да бидат известени државните институции каде што тие работат за да се покрене дисциплинска постапка против нив. Барање за изземање или за разрешување може да биде поднесено лично или од ОИК и тоа поради здравствени или семејни причини или поради противзаконско работење.
Ново на Сител
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре