-->
-->
Ди Матео ќе ја враќа А.Вила во елитата
-->

Фудбалскиот клуб Астон Вила потврди дека нов тренер на тимот е Италијанецот Роберто ди Матео.
„Чест ми е што станувам менаџер на тим со голема историја. Му се радувам на овој предизвик, ќе се обидеме Астон Вила да ја вратиме таму каде што припаѓа“, рекол Ди Матео кој со клубот од Бирмингем потпиша двегодишен договор.
Астон Вила, екипа која има една титула во Купот на европските шампиони, наредната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип дивизијата, откако испадна од Премиерлигата.
Ди Матео во 2012 година му ја донесе на Челзи единствената титула европски шампион, а во кариерата работел и во МК Донс, Вест Бромвич Албион и Шалке.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
