Македонија
10. January 2020 - 16:47

Девојчиња прегазени кај Мавровка

Брзото и возењето под дејство на алкохол главни причини за сообраќајни несреќи. Последна жртва е 63 велосипедист од Волково додека возел на улица во Кисела Вода. Синоќа биле повредени и неколку пешаци, меѓу кои и две деца . Со телесни повреди во болница се пренесени две девојчиња на 12 и 13 годишна возраст откако биле удрени од автомобил шкода кој го управувал 60 годишен скопјанец. Со тешки телесни повреди се здобил и 55 г пешак во сообраќајка кај Бутел. Дали полниот полициски билтен треба да алармира за дополнителна сигнализација на улиците во главниот град за да се намали бројот на повредени во сообраќајки од МВР велат дека надлежноста е на општините.

Пред неполн месец на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Чаир беа прегазени три малолетни лица по што жителите повторно бурно реагираа и бараа поставување на семафор.

Од градот Скопје велат дека веќе има  хоризонтална сигнализација а во процедура е и поставувањето семафор на пешачкиот премин. Со новите законски измени  кои се во собраниска процедура, за два пати сторен ист прекршок поради брзо возење или возење под дејство на алкохол ќе им бидат одземени дозволите на возачите.