Девојче од Гостивар пријавило дека било киднапирано
Шеснаесетгодишно девојче од Гостивар вчера пријавило дека било киднапирано од три непознати лица кои насила ја одвлекле со возило во непознат правец и по два часа ја вратиле дома.
Како што соопшти МВР, синоќа од Медицинскиот центар во Гостивар се јавиле во Полициска станица во Гостивар дека кај нив за преглед се јавило 16-годишно девојче од гостиварско село и им кажало дека било противправно лишена од слобода.
По извршениот разговор во присуство на работник од Центарот за социјални работи, девојчето изјавило дека истиот ден околу 17 часот на враќање од продавница, во близина на неговата куќа, застанало ПМВ во кое имало три непознати лица, од кои еден на сила ја внел во возилото. По кажување на девојчето со возилото се возеле околу 20 минути во непознат правец, по што влегле во напуштена хала, од каде околу 19 часот ја вратиле дома. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
-
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
-
Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода
-
Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“
-
Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот
-
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин
-
Ведро и студено, преку ден сончево
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел