Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година.
Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра). Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.
Подносители на иницијативите се Финмак ДОО, Скопје (У.бр.179/2023), Стопанска комора на Република Северна Македонија (У.бр.183/2023), ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје (У.бр.187/2023), Стопанска комора на Северо-Западна Македонија Скопје (У.бр.190/2023) и Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зеќири + Партнер ДОО (У.бр.197/2023).
Дополнително, на истата седница Уставниот суд ќе разгледува и четири барања за заштита на слободите и правата и тоа барање од Фатмир Мемедов за дискриминација врз основа на национално потекло, барањето на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за повреда на правото на здружување и недискриминација, предметот во врска со разрешувањето на Еролд Муслиу од директор на Агенцијата за разузнавање, како и барањето на поранешниот уставен судија и актуелен пратеник Сали Мурати за заштита на слободата на јавното изразување на мислата и правото на политичко дејствување.
На дневен ред на првата седница на Уставен за годинава се и шест иницијативи за оценување на уставноста и законитоста меѓу кои Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права од Скопје, член од Законот за Академија за судии и јавни обвинители од страна на Игорчо Точев, одредби од Законот за воздухопловство од страна на Петар Димитров, одредби од Законот за земјоделство и рурален развој и Уредбите за директни плаќања од Земјоделски комбинат „Пелагонија” АД Битола, оспорување на правила за снабдување со топлинска енергија од Вера Георгиева и оспорување на одлука за применување на Правилникот за урбанистичко планирање во Општина Ѓорче Петров од Сања Маринковиќ.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција